Почетна ПопуларноВо понеделник традиционална крводарителска акција во Дом на АРМ

Во понеделник традиционална крводарителска акција во Дом на АРМ

од nenad
1 минути читај за
t

Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, на 28.08.2023 година, традиционално, по 21-ви пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.
– Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 20 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција. Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост, велат организаторите.

.