Почетна ЕкономијаВо пограничен инцидент во Кашмир загина еден индски граничар

Во пограничен инцидент во Кашмир загина еден индски граничар

од nenad
1 минути читај за

– Во вчерашната престрелка помеѓу индиските и пакистанските војници во спорниот регион Кашмир загина еден индиски граничар.

Индиските погранични безбедносни сили тврдат дека пакистански војници вчера го нападнале пограничниот пункт во јужната област Џаму. Пакистан сè уште не го коментира инцидентот.

Индија и Пакистан често меѓусебно се обвинуваат за предизвикување гранични конфликти во Кашмир.

Од стекнувањето независност во 1947 година, Индија и Пакистан водеа две војни поради нивните претензии кон регионот Кашмир.

Во делот на Кашмир под контрола на Индија, милитантите се борат против индиската власт од 1989 година.

Во 2003 година, двете земји се договорија за прекин на огнот што генерално се почитува и покрај честите судири.

Спорната граница меѓу двете земји вооружени со нуклеарно оружје вклучува област долга 740 километри на Хималаите наречена контролна линија.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА