Околу 2 милиони млади единки од охридската пастрмка, беа пуштени во Охридското езеро кај Поградец, во рамките на напорите за збогатување на водниот фонд и заштита на овој ендемски вид, од особено значење за екосистемот и економијата на регионот.
Пуштањето на младиот подмладок се одржа во денот кога во Поградец се организира Фестивалот на коранот (охридската пастрмка) манифестација која веќе прерасна во традиција на овој езерски град.
Иницијативата има за цел да придонесе за зачувување и зголемување на популацијата на коранот во Охридското Езеро, како и за заштита на ова значајно природно богатство.
На шеталиштето покрај езерото, рестораните и готвачите ги претставија традиционалните специјалитети во кои главна состојка е коранот. Тавата со коран и понатаму е едно од најбараните јадења меѓу туристите кои го посетуваат Поградец, со што овој вид риба останува важен дел и од гастрономската традиција на градот.
Пуштањето на подмладокот на коранот започна пред неколку години како заедничка иницијатива на Албанија и Македонија, со цел заштита и зголемување на популацијата на овој вид во Охридското езеро.
Во последните години процесот продолжи од страна на албанската страна, која ја зголеми количината на подмладок што се пушта во езерото.
Иницијативата се оценува како важен чекор за зачувување и обновување на популацијата на коранот – заедничко природно богатство и вид од големо значење за екосистемот, туризмот и локалната економија на Поградец.
Post Views: 13
Извор : vesnik-ilinden.com
Во Поградец се порибуваше Охридското езеро со 2 милиони единки на охридска пастрмка