Почетна ЕкономијаВо Охрид почнува Регионалната конференција „Охрид 2026“

Во Охрид почнува Регионалната конференција „Охрид 2026“

од nenad
1 минути читај за

Во Охрид денеска започнува Регионалната конференција „Охрид 2026“, форум на високо ниво посветен на клучни економски и финансиски прашања од значење за земјите од Западен Балкан.

Конференцијата ќе трае до 11 септември, а во фокусот ќе бидат теми поврзани со фискалната отпорност, буџетските приоритети, даночните приходи и борбата против неформалната економија.

Настанот е во организација на Balkan Economic Forum (BEF), под покровителство на Министерството за финансии, а со поддршка од Japan Tobacco International (JTI).

На конференцијата се очекува учество на високи претставници, експерти и економски чинители од регионот, кои ќе дискутираат за предизвиците со кои се соочуваат економиите на Западен Балкан, како и за можностите за подобрување на јавните финансии и создавање поотпорни економски системи.

Особено внимание ќе биде посветено на унапредувањето на фискалните политики, зголемувањето на ефикасноста на наплатата на даноците и намалувањето на неформалната економија, која останува значаен предизвик за земјите во регионот.

„Охрид 2026“ ќе биде можност за размена на искуства и идеи меѓу претставниците на институциите и економската заедница, со цел да се отворат прашања за одржливи јавни финансии и долгорочен економски развој во Западен Балкан.