Пејачката во Раковица создаде вистинско семејно гнездо по најнови стандарди
Во мирниот дел на Раковица, своето ново семејно гнездо го создаде Гоца Тржан со сопругот Раша Новаковиќ и ќерката Лена. Нивната двоспратна вила плени со раскошно двориште, модерно уреден музички студио и библиотека што ја открива страста кон знаењето. Семејството се вселило во 2020 година и секој член веднаш го добил својот личен простор.
Додека Раша во подрумот го реализира својот сон со студиото, Ленa ужива во соба доволно голема за учење и дружби. За Гоца Тржан, пак, оваа куќа е вистинска оаза – место за снимање шминка-туторијали и складирање на богатата колекција козметика.
Фотографиите може да ги погледнете ОВДЕ
Поврзани објави
Пејачката важи за извонредна домаќинка која маестрално приготвува специјалитети – од лазањи до домашен леб. Додека таа владее во кујната, Раша се грижи за зелената оаза зад куќата, која е идеално место за релаксација и медитација.
Скриено од љубопитни погледи, ова мало рајско катче е нивниот совршен бег од секојдневието.
printskrin Youtube – sikter tv goca trzan