Почетна ЕкономијаАлбанија: Преку 46 илјади туристи обслужени во летните здравствени пунктови

Албанија: Преку 46 илјади туристи обслужени во летните здравствени пунктови

од nenad
1 минути читај за

Од 1-ви јуни, кога започнаа со работа, летните здравствени пунктови пружиле помош на 46.718 туристи, од кои приближно 30% се странски државјани. Во моментот функционираат 36 вакви амбуланти.

“Во овие здравствени центри, 223 лекари и медицински сестри се на готовност 24/7 за да гарантираат здравствена заштита во секој агол од крајбрежјето и планинските туристички области,” соопштија надлежните.

Министерката за здравство, Албана Кочиу, изрази благодарност кон медицинскиот персонал за нивната професионалност и посветеност во грижата за туристите во објава на Фејсбук. “Благодарност за здравствениот кадар кој со професионалност и посветеност ги опслужува туристите,” напиша таа.

Околу 70% од вкупниот број на пружени услуги се за домашни туристи, додека над 30% се однесуваат на странски туристи.

Регистрирано е зголемување од 25% во бројот на пружени услуги во споредба со претходната година, што се објаснува со порастот на бројот на туристи.

“Покрај здравствените амбуланти Националниот ургентен центар, има ставено на располагање 20 фиксни станици за брза помош за туристите во најфреквентните туристички области,” велат од центарот.

“Здравјето на граѓаните и туристите е приоритет на министерството насекаде и во секое време,” наведува Кочиу. Летните здравствени пунктови ќе останат отворени до крајот на септември.