Table of Contents
Елена Николовска со години важи за еден од најголемите професионалци кај нас кога станува збор за здравата и негувана коса. Сето свое искуство, едукација и експертиза сега ги круниса со нов, проширен салон – дестинација каде што врвната професионална грижа се среќава со најпрестижните светски брендови, нудејќи комплетно искуство за трансформација и нега на косата
Со спој на долгогодишна експертиза и внимателно одбрани производи, Елена Николовска ја има посветено својата кариера на креирање изглед кој зрачи со здравје, сјај и беспрекорен стил. Голем број дами секојдневно ѝ ја доверуваат својата коса, без разлика дали ги очекува важна прослава, дали се расположени за поголема трансформација или едноставно сакаат да имаат негувана и беспрекорна коса. Неодамна таа го отвори својот нов салон, што го нарекува остварување на своите соништа. Притоа, успеа да среди простор од 250 квадрати за 20 дена, додека истовремено балансираше со улогата на мајка на едногодишно бебе. Како што самата Елена вели за себе, таа е личност што не може да стои на едно место и да биде задоволна со просечното, па така, нејзините амбиции не завршуваат тука и таа неуморно продолжува да работи на проширувањето и надградувањето на својот бренд – Social Hair Salon.
Кога се сака –се може сè
Во периодот кога станала мајка и тоа требало да ѝ биде најголемиот предизвик, Елена си поставила цел дека ќе расте:
„Сите што ме познаваат знаат колку многу се посветив на едукација и усовршување претходно, па следниот логичен чекор беше салон од овој тип, но не со брзината со која јас го остварив тоа“, вели таа.
Промената на локацијата и селењето во простор од 250 квадрати се случила многу спонтано, по разговор со клиент кој по игра на случајноста имал пријател што издавал ваков простор. Тоа било прилика што не смеела да ја пропушти, иако признава дека ѝ било тешко да балансира помеѓу обврските дома и на работа.
„Со оглед на тоа што во рамките на салонот воведовме нови услуги и додадовме продавница за професионални производи за нега на коса, потребен е мојот целосен фокус на работа, додека истовремено треба да бидам присутна дома, за да има моето дете мајка покрај која ќе расте. Но кога се сака, сè се може“, заклучува нашата соговорничка.
Елена верува дека нејзиниот успех на двата фронта се должи на тоа што е добар организатор, однапред планира сè и многу ретко ѝ препушта нешто на случајноста. Сепак, најголем предизвик ѝ било тоа да се исчисти, нареди и спреми салонот за работа последните два дена откако сите мајстори завршиле со работа. Сега, Social Hair Salon е простор кој е топол и модерен истовремено, и во којшто клиентите се чувствуваат пријатно – како дома.
Спој на салон и продавница
За разлика од повеќето фризерски салони, Social Hair Salon претставува комбинација на салон и продавница, но Елена смета дека тоа не е нешто толку невообичаено, туку норма во многу држави низ светот:
„Најголемиот дел од мојата кариера бев дел од големи компании кои имаат синџири салони низ светот. Сите тие имаа огромен избор на професионални производи за нега на коса. Според мене, неопходно е секој салон да има производи кои ќе му ги понуди на клиентот за домашна нега. Грижата за косата е многу важна и во домашни услови, па оттаму идејата и за продавницата“, објаснува Елена и додава дека освен професионални производи за нега на коса, имаат и одредени брендови за нега на тело, модни додатоци за коса и надградби.
Поврзани објави
Вашата коса го заслужува најдоброто
Самодовербата на една жена во голема мера зависи од изгледот на нејзината коса, бидејќи таа е една од првите физички карактеристики што се забележуваат: дали е кратка или долга, рамна или кадрава, но најмногу од сè, дали е негувана и дали зрачи со природен сјај. Токму затоа, во Social Hair Salon фокусот е на персонализираната нега.
„Секој клиент има различни проблеми кога станува збор за косата, бидејќи секоја структура не е иста. Пристапот секогаш е различен, во зависност од потребите на косата, степенот на оштетеност/дехидратација, испуканоста на краевите, фризурата… Секогаш правиме консултација пред секој третман, заеднички одбираме што е најсоодветно и постапуваме според тоа. Целта ни е максимално да се посветиме и да најдеме решение“, открива Елена.
Кога станува збор за најбараните третмани и услуги, во последно време популарни се надградбите и некои техники на нијансирање коса, како „ер тач“ (air touch).
Големи планови и визии
Покрај фризерски услуги, Social Hair Salon нуди и професионална шминка, нокти и подигнување на веѓи и трепки, а во блиска иднина планираат уште неколку други новитети. На прашањето каде се гледа себеси за 5 години, Елена одговара шеговито:
„За 5 години се гледам себеси како мајка што преживеала… Се шегувам, секогаш имам многу планови за проширување и надградување. Здравје, до наредна година се надевам дека ќе ја подготвам академијата.“
Повеќе за услугите и продавницата на салонот можете да најдете на веб-сајтот socialhair.mk или посетете го лично на ул. „Даме Груев“ бр. 7, 1000, Скопје. За да бидете во тек со сите новитети, заследете ги инстаграм-профилот socialhairmk и фејсбук-профилот Social Hair.mk.
Контакт: 071 961 991
Мејл-адреса: [email protected]
Подготвила: Марија Лукаревска
ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА