Српскиот претседател, Александар Вучиќ попладнево за прв пат јавно ќе се обрати на вонредно обраќање откако вчера беше ставена на највисок степен на готовност целата српска армија и полиција.
Ваквиот чекор на Србија следуваше откако Косово ја стави својата армија на највисок степен на готовност и му забрани на српскиот патријарх Порфирије да влезе на косовска територија.
Вчера вечер беше најавено дека косовските безбедносни сили ќе постапат и ќе ги отстанат српските блокади откако КФОР и Еулекс не дадоа конкретни податоци дали ќе постапат по однос на српските блокади на северот на Косово.
Неофицијално се очекува да се обрати и српскиот партријарх Порфирије.
https://www.youtube.com/watch?v=Sw6Dr7Wn29s