Почетна МакедонијаТепачка меѓу дечко и девојка во Скопје, се вмешал и бившиот

Тепачка меѓу дечко и девојка во Скопје, се вмешал и бившиот

од nenad
1 минути читај за




Во неколку пријави до полицијата, 22-годишен жител на Скопје и неговата девојка тврдат дека едниот го нападнал другиот, како и дека имало физичка пресметка и со поранешното момче на девојката, соопшти МВР. МВР додава и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„На 14.10.2024 околу 17.30 часот во СВР Скопје, 22 – годишник од Скопје пријавил дека на 11.10.2024 околу 13.30 часот во неговиот дом на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 26-годишна партнерка од Скопје, која оштетила и дел од покуќнината. Денеска (15.10.2024) во 05.00 часот, и неговата партнерка пријавила дека на 09.10.2024 на подрачјето на Центар, тој физички ја нападнал неа, а со нејзиниот поранешен партнер двајцата имале физичка пресметка“, велат од МВР во обид да го објаснат насилството во љубовниот триаголник.