100
Воената хунта што ја презеде власта по пучот во Нигер им нареди на вооружените сили да бидат во состојба на највисока готовност, повикувајќи се на зголемената закана од напад, се вели во интерен документ издаден од началникот на одбраната.Во документот, кој денеска беше објавен на Интернет, се наведува дека наредбата за максимална подготвеност ќе им овозможи на силите соодветно да реагираат во случај на било каков напад и „да избегнат изненадување“.
„Се повеќе се чувствуваат заканите со агресија на националната територија“, се наведува во соопштението