Почетна МакедонијаСДСМ: Неопходно е СДС да покаже политичка одговорност и да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби

СДСМ: Неопходно е СДС да покаже политичка одговорност и да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби

од nenad
1 минути читај за

Антидржавните партии СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште. Манипулативните техники на СДС не поминуваат кај граѓаните и затоа рејтингот им е во колапс. СДС и ДУИ се нервозни, исплашени и во паника и затоа со сите сили се борат да го заштитат криминалот на Груби и ДУИ. Затоа што за криминалот и корупцијата на Груби и ДУИ знаеја и беа директни соучесници, и тоа само поради една причина, бидејќи врвен приоритет им беше останувањето на власт.

Поради лични и лукративни причини Филипче не се отргнува од Заев и неговите деструктивните политики и не се извинува за криминалот на Артан Груби. СДС и Филипче наместо цивилизирана и аргументирана дебата, конструктивни и продуктивни решенија, нудат дефокус, политиканство и циркуз. СДС и Филипче се елементарна непогода на политичката сцена. Неопходно е СДС да покаже политичка одговорност и да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби. Во современа демократија за која се залага ВМРО-ДПМНЕ, нема простор за девијантно однесување, циркузанти, политиканство и деструкција.

   

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ