Почетна Убавина и здравјеПолудуваат кога ќе видат ваква дама! – Убавина и здравје

Полудуваат кога ќе видат ваква дама! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Кој тип на жена може да ги освои мистериозните Турци? Издвојуваме 5 знаци на убавина што можат да ги освојат овие заводници

Американците обожаваат русокоси, холивудски убавици со светол тен, Азијците го обожаваат имиџот на млада ученичка, а Турците? Издвојуваме 5 особини кај жените што турските заводници ги обожаваат.

Жени со облини

И струк и колк – Турците сакаат да го видат ова кај жените. Според мажите во Турција, малото стомаче е многу попривлечно од апсолутно рамниот стомак.

„Турските мајки нема да ја одобрат девојката на својот син ако е претерано слаба – ќе кажат дека изгледа болно и дека нема да може да роди здраво дете. Оваа ситуација ми се има случено двапати во животот“, искрено открил еден Турчин на Интернет.

Ведри бои, многу накит

Турчинките се облекуваат ведро и блескаво. Не се плашат од смели бои, масивен накит, необични марами, светла шминка…

„Прекумерната шминка изгледа непристојно и провокативно“, велат Турците на социјалните мрежи.


Поврзани објави

Жени кои носат прекрасни фустани

Турците се убедени дека жената мора да биде женствена, нежна и елегантна. Тие обожаваат кога нивната жена носи убави фустани кои ѝ го истакнуваат, но не ѝ го откриваат телото.

Бујна и здрава коса, депилирано тело

Турчинките имаа генетски предиспозиции за убава, здрава и густа коса. Но тие се исклучително влакнести насекаде по телото, што се смета за недостаток. Затоа, Турчинките го депилираат целото тело и ја негуваат косата.

Бледа кожа и светли очи

Не се сите Турчинки темни и со кафени очи. Меѓу нив има и дами со посветол тен и очи. А токму тие им се најпривлечни на Турците.

„Во Турција повеќе се цени тој современ изглед, па Турчинките често изведуваат разни трикови за да постигнат западњачки изглед“, велат Турците на социјалните мрежи.

ФОТО: Инстаграм