Почетна МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба

ВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба

од nenad
1 минути читај за




Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба. Според катастарските снимки во моментот кога Петровска вели дека го продала земјиштето, таму била изградена луксузната хациенда. Тоа води кон два заклучоци:

   

1. Славјанка Петровска не ја продала хациендата, туку ја префрлила на друго лице, за истото да го чува и крие нејзиниот имот или
2. Таа ја продала хациендата, а парите од продажба не ги пријавила во нејзиниот анкетен лист и со тоа можеби влегла во низа кривични дела.

Славјанка Петровска да не се крие зад пратеничкиот мандат и да каже дали ја крие хациендата на друго лице или ги сокрила парите од купопродажбата. ДКСК да не чека и да отвори случај.Со почит,  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ