Почетна МакедонијаВМРО-ДПМНЕ прв стави потпис на Декларацијата на Стопанската комора

ВМРО-ДПМНЕ прв стави потпис на Декларацијата на Стопанската комора

од nenad
2 минути читај за

Декларацијата, позната како Рамковен договор за десетгодишен приоритет на економијата, веќе е потпишана од над 300 најзначајни домашни компании, МАНУ, сите државни универзитети, сите бизнис асоцијации и е водич за успешна и одржлива економска реформа.ВМРО-ДПМНЕ е првата парламентарна политичка партија што ја потпиша Декларацијата на Стопанската комора за општествен консензус и за економски реформи, политики и мерки, соопштија од СКСМ. Декларацијата, позната како Рамковен договор за десетгодишен приоритет на економијата, веќе е потпишана од над 300 најзначајни домашни компании, МАНУ, сите државни универзитети, сите бизнис асоцијации. Таа е водич за успешна и одржлива економска реформа.

   

Претходно претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ги повика сите парламентарни политички партии да ја потпишат Декларацијата на Стопанската комора од 14 јули 2022 година, бидејќи смета дека на тој начин сите релевантни општествени чинители би се согласиле дека во наредните 10 години приоритет ќе има економијата.
-Неповолните состојби во економијата во значаен дел се должат на нефункционирањето на правната држава, непочитувањето на пазарните законитости, политизацијата и доминација на партиските над државните интереси. Време е да ги обединиме нашите сили и да работиме заедно, било како компании, универзитети, академска заедница или политички партии, за да го оствариме нашиот заеднички потенцијал. Во наредните 10 години приоритет да и се даде на економијата “, вели Азески.

Во повеќе наврати претседателот на СКСМ истакна дека анкетите кои ги спровеле во повеќе од 300 компании и разговорите што ги имале со повеќе од 100тина значајни личности од бизнисот и науката недвосмислено потврдуваат дека почетната точка треба да биде Декларацијата за општествен консензус што Комората минатата година ја усвои на 100 годишнината од своето постоење.

-Што значи тоа на разбирлив јазик? Тоа значи дека во наредните 10 години со општествен консензус потпишан од сите чинители, сегашни и идни креатори на економските политики треба да се даде приоритет на економијата во однос на политиката, како би се направил неопходниот пресврт. Со потпишување на договор за меѓусебните односи помеѓу приватниот и јавниот сектор, во кој договор ќе има прецизно наведени носители, временски рокови и останати алатки потребни за неговото спроведување. Врвен приоритет во тие 10 години обележани со економските активности мора да биде извозот, односно наредните години двојно да го зголемиме процентот на компании кои извезуваат, од сегашните 5 на 10 отсто. И секако да го дуплираме бројот на производите – од 440 производи со компаративна предност да извезуваме двојно повеќе производи, а најголем дел од нив да бидат производи со висока додадена вредност- посочи Азески.