Почетна МакедонијаПриведен криминалец баран со потерница за тригодишна затворска казна, Приведен криумчар на мигранти

Приведен криминалец баран со потерница за тригодишна затворска казна, Приведен криумчар на мигранти

од nenad
1 минути читај за


Приведен криминалец баран со потерница за тригодишна затворска казна

На 12.12.2022 во 16.30 часот на ул.„Мариовска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(48) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен  суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

 

Приведен криумчар на мигранти На 13.12.2022 во 02.15 часот во реонот на локалитетот Стоби, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода В.Т.(35) од Скопје. При преглед во возилото „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени две лица мигранти од Сирија. В.Т. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Comment