Владејачката Српска напредна странка (СНС) денеска го избра претседателот Александар Вучиќ за носител на партиската листа на претстојните парламентарни избори и за нејзин кандидат за премиер, објавија локалните медиуми.
На седницата во југоисточниот град Ниш, раководството на СНС едногласно одлучи Вучиќ да ја предводи листата „Обединета Србија“ на претстојните парламентарни избори и да биде нејзин кандидат за премиер доколку партијата победи на изборите.
Претходно лидерот на СНС, Милош Вучевиќ, изјави дека листата на партијата ќе го носи името „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ и го опиша претседателот како „најспособниот државник“.
Обраќајќи им се на сопартијците, Вучиќ изјави дека влада предводена од него би била пооперативна и поефикасна, предлагајќи 12 министри наместо сегашните 31.
Тој рече дека подготвил нов предлог-закон за министрите и Владата и дека ќе го објави откако ќе поднесе оставка од функцијата претседател.
Извор: МИА