Почетна ЕкономијаВладата го назначи Агрон Речи за нов Државен правобранител

Владата го назначи Агрон Речи за нов Државен правобранител

од nenad
0 минути читај за

Владата на денешната 147. седница донесе одлука да го именува Агрон Речи за Државен правобранител на Република Северна Македонија, според процедурите, на предлог на министерот за правда, а по спроведен Оглас.

Како што информираат од владината прес-служба, новоименуваниот Државен правобранител Речи е досегашен државен правобранител од подрачната единица на Државното правобранителство – Охрид, каде ја извршувал функцијата од ноември 2020 година.

Посочуваат дека тој по професија е дипломиран правник, според наведеното во неговата Биографија, со долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи.фф/цр

Фото: МИА Архива

Скопје, 18 април 2023 (МИА)

Leave a Comment