Почетна ЕкономијаВиткоф: Крим и четирите региони под руска управа, главен проблем во преговорите за Украина

Виткоф: Крим и четирите региони под руска управа, главен проблем во преговорите за Украина

од nenad
2 минути читај за

Решавачката пречка за ставање крај на војната во Украина е статусот на регионите кои се под руска контрола, истакна специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, во интервју за новинарот Такер Карлсон.

Виткоф, кој во скоро време имаше средба со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека најважната цел во актуелната фаза на преговори помеѓу САД, Русија и Украина е да се договори триесетдневен прекин на огнот, период во кој страните ќе дискутираат за можностите за комплетно прекинување на непријателствата.

“Мислам дека најголемиот проблем во овој конфликт се таканаречените четири региони: Донбас, Крим, Луганск, и два други региони. Тоа се региони во кои се говори руски јазик, таму се одржаа референдуми, на кои огромното мнозинство луѓе изразија желба да бидат под руска власт. Мислам дека ова е клучно прашање во конфликтот”, оцени Виткоф.

Тој додаде дека тоа е критична точка во конфликтот и дека има позитивна и конструктивна дискусија, иако тој проблем често се избегнува. “Тоа е слонот во собата. Во Украина има уставни проблеми во врска со територијалните отстапки. Русија де факто ги контролира овие територии. Прашањето е дали светот ќе ги признае овие територии како руски? Дали Зеленски ќе преживее политички ако ги признае? Ова е централното прашање во конфликтот.”

Меѓу другото, доколку се постигне мировен договор, Украина не би можела да смета на тоа да стане членка на НАТО и мислам дека раководството во Киев во голема мера го прифати тој факт, рече Виткоф.

Тој нагласи дека Зеленски се наоѓа во мошне деликатна позиција, соочен со голема земја која поседува нуклеарно оружје и чие население е четири пати поголемо од украинското. Според него, ова е најповолниот момент за Зеленски да го комплетира мировниот договор, кој би можел да се реализира со помош на американскиот претседател Доналд Трамп.

Виткоф исто така посочи дека САД се за одржување на избори во Украина до крајот на 2025 година, посебно ако се постигне договор за прекин на огнот.

Крим стана дел од Русија по резултатите од референдумот во 2014 година, а регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје во 2022 година. Украина не ги признава како руски. Москва бара признавање на овие територии како дел од Русија на меѓународно ниво со цел да започне мировниот процес.

са/Фото: МИА архива
Извор: МИА