Почетна ТехнологијаПожарникарите го скротија големиот пожар кај Струмица – нема опасност за селото Баница

Пожарникарите го скротија големиот пожар кај Струмица – нема опасност за селото Баница

од nenad
1 минути читај за

„Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница“, информираше струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов. Градоначалникот ѝ се заблагодари на екипата на ТППЕ и до сите струмички пожарникари кои се вклучија во гасењето.

„Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат“, порача Костадинов. Причина за пожарот е запалено стрниште, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Пожарот го зафати реонот кај населбата Софилар, Градските гробишта и накај селото Баница, а тој брзо се прошири поради силниот ветер.