Прилепската компанија „Витаминка“ за периодот од јануари до септември годинава остварила позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех.
Остварените единечни вкупни приходи во деветмесечието од 2023 година изнесуваат 2,458,227 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2022 година бележат незначителен пад од 14%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2022 година се помали за 14%, соопштуваат од компанијата.
Од АД „Витаминка“ соопштуваат дека остварените единечни вкупни расходи во деветмесечието од 2023 година изнесуваат 2,327,814 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2022 година бележат намалување од 23%.
Во деветмесечието од 2023 година се преземени соодветни активности во поглед почитување на мерките за продажба на сончогледово масло за јадење. Трендот на вкупниот приход на друштвото не е лош, но сепак неблагодарно е да се предвидува во услови на голема макроекономска нестабилност. Воениот конфликт во Украина, новиот воен конфликт во појасот Газа, умерената инфлација, секојдневните варијации на цената на суровата и геополитичката состојба и понатаму е непозната. Оперативниот тим на друштвото води посебна грижа за готовинскиот тек. соопштуваат од „Витаминка“ АД Прилеп.