Почетна Убавина и здравјеВирална дискусија на социјалните мрежи која крена голема прашина – Убавина и здравје

Вирална дискусија на социјалните мрежи која крена голема прашина – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Оваа вирална дискусија што се одвивала на социјалната мрежа ТикТок дава увид во реалната состојба на општеството

Неодамна на социјалната мрежа ТикТок се покрена вирална дискусија, во која жените кои себеси се сметаат за грди тврдат дека се привилегирани, бидејќи така ги одвраќаат несаканите машки погледи, закачања и дофрлувања.

„Кога велам дека ја имам ‘привилегијата на грдите’, тоа не значи дека се сметам себеси за грда личност. Под тоа мислам дека мажите генерално не ме сметаат за привлечна. Генерално, мажите мислат дека сум грда и ме оставаат на мира, а за мене тоа е привилегија“, истакнала една креаторка на содржини на ТикТок по име Сара.

Таа, заедно со колешките тиктокерки и коментаторки на видеото, се пофалиле со оваа способност да бидат „невидливи“  која им овозможува да се чувствуваат „удобно“ и „безбедно“ во свет каде што непосакуваните машки погледи, коментари и допири се постојани.

„Се здебелив откако родив син, поради што мажите ме игнорираат. Воопшто не бев мотивирана да ослабам, бидејќи ми беше толку убаво. Претходно постојано бев малтретирана и никако не можев да го одбегнам тоа до сега“, истакнала една девојка.

„Многу се здебелив откако добив две деца. Нема мажи што ме следат на паркинг, нема непожелни повици и слично. Па така, не сакав да се обидам да си ја вратам формата, бидејќи, искрено не сакам да бидам згодна“, истакнала друга девојка во коментарите под видеото.

Поврзани објави

@sarahs.tok just a little explanation of what i mean when i say i have “ugly privilege”. #uglyprivilege #letmeexplain #doesthismakesense ♬ original sound – Sarah

Овој таканаречен благослов е спротивен на проклетството „привилегија на убавите“, со коешто се соочуваат оние жени кои велат дека се чувствуваат објективизирано од страна на мажите и дека другите жени ги мразат, и покрај придобивките што може да им ги понуди убавиот изглед.

Поразително е тоа што некои жени не сакаат да се разубавуваат и да се истакнуваат себеси за да не станат предмет на непосакувани машки дофрлања, па дури и непристојни допири.

Иако жените се имаат изборено за своите права и за родова еднаквост, нивната секојдневна борба со ваквите случаи сè уште трае. Што мислите вие на оваа тема?