Почетна Убавина и здравјеВикторија Лоба со силна порака за Македонија – Убавина и здравје

Викторија Лоба со силна порака за Македонија – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Македонската поп-пејачка Викторија Лоба упати емотивна порака по повод 35 години независност на Македонија, споделувајќи ги своите чувства кон земјата преку моќни и искрени зборови.

„Во тебе мојата музика најде дом, а мојот глас пат до луѓето. Те сакам со нежноста со која се сака мајка и со искрена желба да те гледам како напредуваш и цветаш“, напиша Лоба.

 


Поврзани објави

Пејачката во продолжение ѝ посака на Македонија да продолжи да расте и да свети, испраќајќи порака исполнета со љубов, надеж и гордост.

„Расти, свети и биди слободна. Твоето сонце живее во моето срце 🇲🇰“, порача Викторија.

На крајот, таа упати и честитка до сите граѓани по повод големиот државен празник: „Среќни 35 години независност!“

Со својата објава, Лоба уште еднаш покажа колку силно е поврзана со македонската музика, култура и публика, а нејзината порака предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи.