Викторија Бекам пристигна на Париската модна недела, која моментално се одржува во француската престолнина, во период кога семејството се соочува со скандали поврзани со нејзинот најстар син Бруклин.
51-годишната модна дизајнерка беше придружувана од сопругот Дејвид, ќерката Харпер и синовите Круз и Ромео, како и нивните девојки. Семејството јасно покажа дека е решено да не дозволи семејните драми да го засенат овој важен момент за Викторија.
Очекувано, Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц не се појавија на настанот.
По пристигнувањето во Париз, Викторија беше одликувана со Орден за уметност и литература од страна на француското Министерство за култура. Ова престижно признание се доделува за исклучителен индивидуален придонес во уметноста, литературата и културата.
Поврзани објави
Во својот говор, Викторија му се заблагодари на сопругот Дејвид, кој бил првиот што инвестирал во нејзиниот моден бизнис, како и на нивните деца, нагласувајќи дека нивната поддршка ѝ значи најмногу.
Искрено ѝ благодарам на француската министерка за култура, Рашида Дати, за оваа чест. Благодарност и до моите деловни партнери кои веруваа во мене, до моето семејство, а особено до Дејвид – мојот сопруг и прв инвеститор. Не можам да бидам поблагодарна, вие ми те сè – напиша Викторија на Instagram.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/DT_KfmGjg_6/?hl=en&img_index=4