На територија на град Скопје во саботата изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за управување возило под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Полицијата вчера изрекла 169 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…Мвр апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да допринесеме за побезбеден сообраќај.