54
Заштита на националните интереси и останување на патот кон ЕУ, се двете стратешки цели кои можат да се остварат без отстапки и компромиси на штета на народот, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето експозе за првите 100 дена влада. Изрази жалење што Бугарија ја одби понудата на унгарскиот премиер Виктор Орбан за посредништво во спорот.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче посочи дека првите 100 дена на новата влада се полни со изговори, скандали и разочарувања. СДСМ ја обвинува владата дека ја носи државата во нова изолација наместо да ги продолжи евро-интеграциите.