Ограбена бензинска пумпа на булеварот Миријевски во Белград, пренесуваат српските медиуми. Разбојникот побегнал од местото на настанот и кога полицијата го фатила, тој одбил да застане и извадил пиштол. Бидејќи не реагирал на предупредувањата, полицајците пукале и го убиле.
По грабежот, врз основа на описот, сторителот е идентификуван на улицата Салвадор Аљенде. Кога полицијата го фатила и му наредила да застане, тој извадил пиштол, пренесува Блиц.
После тоа реагирала полицијата и го убила осомничениот.
Од Итната помош за Танјуг потврдија дека добиле повик за пукањето во Карабурма и дека нивната екипа е на терен.