Почетна Технологија(ВИДЕО) Три сестри од кривопаланечкото село Жидилово ќе останат без 493 крави – обвинуваат за политичка хајка

(ВИДЕО) Три сестри од кривопаланечкото село Жидилово ќе останат без 493 крави – обвинуваат за политичка хајка

од nenad
1 минути читај за

Скандалозен притисок – 493 крави треба да одат курбан поради политички реваншизам, јавува Тв Алфа. Четрстотини деведесет и три крави треба да одат курбан поради политички реваншизам. Сопственичките, три сестри, од кривопаланечкото село Жидилово обвинуваат дека целата хајка ја започнал поранешниот министер за земјоделство, уште пред повеќе од една година. Семејството Ѓорѓиевски вели дека Решението во кое се наложува одземање на близу петстотини грла добиток, намерно не им било доставено на време, за да не можат да го испочитуваат рокот за жалба. Сметаат дека поранешниот министер, свесно и намерно ги злоупотребил институциите за да им наштети.