Со песната „Отворено писмо“, која завршува со пораката дека „Силата ЕУ младите“, раперот даде поддршка за референдумот за Договорот со Преспа во 2018 година и рече дека се уште верува во европската идеја.
„Во песната ‘Отворено писмо’, ‘Силата ЕУ младите’ е хајлатот, така завршуваше. ‘Возот ни доцни, не дозволувајте да ни побегне’, но возот како да не стигна, како да заглавил негде. Не знам каде заглави. Викаат накај Софија или Солун, но јас знам дека немаме пруга таму. Ваљда е негде овде заглавен, меѓу нашиве локални пруги“ рече Слаткар.Тој додаде дека географски е решено дека земјава е дел од Европа и дека нема други опции освен патот кон ЕУ.