Почетна Технологија(ВИДЕО) Светот го одбележува Меѓународниот ден на сеќавањето на Холокаустот

(ВИДЕО) Светот го одбележува Меѓународниот ден на сеќавањето на Холокаустот

од nenad
1 минути читај за

„Ние Полјаците, на чија земја окупирана од нацистичка Германија беше изградена оваа индустрија за истребување и овој концентрационен логор, денес сме чувари на меморијата“, рече Дуда.

На почетокот на церемонијата по повод 80 години од ослободувањето на поранешниот концентрационен логор кон крајот на Втората светска војна, Дуда положи венец на Ѕидот на смртта, придружуван од поранешни затвореници. Илјадници затвореници беа застрелани пред ѕидот. На церемониите учествуваат повеќе од 50 поранешни затвореници од Аушвиц-Биркенау и други логори. Четворица од нив треба да одржат главен говор попладне. Со оглед на нивната напредна возраст, тоа можеби е една од последните големи церемонии на кои може да учествуваат преживеаните. На комеморацијата присуствуваат делегации од 55 земји. Германија ја претставуваат двајцата врвни политичари, канцеларот Олаф Шолц и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова апелираше да се воспостави традиција за организирани посети на Треблинка во чест на трагичната судбина на македонските Евреи кои завршиле во логорот. Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска упати порака до еврејската заедница во земјава. „Никогаш нема да ги заборавиме шест милиони човечки животи загубени во виорот на темните сили на историјата меѓу кои беа и 7.144 македонски Евреи, депортирани во кобната 1943 година во логорите на Треблинка. Од овие логори на смртта немаше ниту еден преживеан“, пишува Трајковска во пораката. Извор: Новинска агенција МЕТА