Почетна Економија(Видео) Протести во Тирана: Демонстрантите бараат оставка од градоначалникот, фрлаа молотови коктели кон полицијата

(Видео) Протести во Тирана: Демонстрантите бараат оставка од градоначалникот, фрлаа молотови коктели кон полицијата

од nenad
1 минути читај за




Граѓаните повторно се собраа пред просториите на општина Тирана барајќи оставка од градоначалникот Ерион Велиај. Ситуацијата стана тензична по говорот на претставници и активисти на опозицијата. Протестот беше одбележан со фрлање факели и молотови коктели. Ова е уште еден во низата протести против градоначалникот Велиај. Граѓаните се незадоволни од неговата работа и бараат негова оставка.

   

 

Демонстрантите фрлаа молотови коктели во правец на влезот на градското собрание на Тирана, додека десетици полицајци стоеја пред нив. За среќа, молотовите коктели не ги погодија полицајците, туку експлодираа на влезните скали на Градското собрание. Протестите продолжуваат, а властите се уште не одговориле на барањата на демонстрантите.