Почетна Балкан(Видео) По страотна експлозија на бензинска во Романија- исчезна дел од населба

(Видео) По страотна експлозија на бензинска во Романија- исчезна дел од населба

од nenad
1 минути читај за
t

Шокантни фотографии пристигнуваат од Романија, каде во саботата имаше две експлозии на пумпа за течен гас во Креведија, во близина на Букурешт.

Две лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени, од кои најмалку осум се во тешка состојба.

По првата експлозија пожарот се проширил на две цистерни и блиската куќа, што предизвикало евакуација и блокирање на сообраќајот на патиштата.

Во гаснењето на пожарот учествувале околу 25 противпожарни возила, а пожарот бил локализиран дури утрото по експлозијата.

Според медиумите, во втората експлозија се повредени и 26 пожарникари.

За гаснење на пожарот биле користени роботи за да се избегнат уште поголем број пожарникари да бидат повредени.

Истрагата треба да утврди како точно дошло до фаталната експлозија. Една од верзиите е дека експлозијата се случила кога гориво било префрлено и се истурило во подземен контејнер. Тогаш камионот се запалил, а пожарот потоа се проширил на автомобил.

Фотографиите од воздух покажуваат колкава е штетата по овие трагични настани. Сè е уништено на стотици метри наоколу.