Почетна Економија(Видео) Огромен пожар во Хамбург, облак полн со хемикалии се шири низ градот

(Видео) Огромен пожар во Хамбург, облак полн со хемикалии се шири низ градот

од nenad
1 минути читај за

Најмалку 27 лица се исчезнати или загинати откако два брода со мигранти потонаа во близина на источниот брег на Тунис. Првиот брод во петокот тргна од Тунис за Италија со 37 луѓе. Дваесет од нив се сметаат за исчезнати, додека 17 се спасени, изјави портпаролот на судот во градот Сфакс.

Вчера четири тела беа извлечени од морето по потонувањето на друг брод, пишува Би-би-си. Од вториот брод се спасени 36 лица, додека тројца се водат како исчезнати, изјави портпаролот.

Портпаролот Фаузи Масмуди рече дека бродовите биле направени од железни плочи.

Инаку, од почетокот на март, најмалку седум слични бродови се забележани кај Тунис, со околу 100 загинати или исчезнати.

Некои делови од тунискиот брег се оддалечени само околу 150 километри од Лампедуза, италијански остров кој често се користи како премин кон копното, пишува Би-би-си.

Поради близина до Италија, Тунис ја престигна Либија како главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од конфликтот и страшната сиромаштија на Блискиот Исток и Африка во потрага по подобар живот во Европа.

Според туниската крајбрежна стража, во првите три месеци од оваа година, повеќе од 14.000 мигранти, повеќето од субсахарска Африка, биле запрени во обидот да стигнат до Европа од Тунис. Бројката е пет пати поголема од истиот период лани.

Мигрантите често плаќаат огромни суми пари за да ги превезат шверцерите во небезбедни пловни објекти.

Масмуди рече дека најважно и пресудно е самите шверцери да бидат приведени, а потоа најави и истрага за двете бродски несреќи.