Почетна ПопуларноПовторно протест за Окологија во понеделник пред влада

Повторно протест за Окологија во понеделник пред влада

од nenad
1 минути читај за
t

Во понеделник во 18 часот повторно се закажа протест против скандалот на Онкологија.
Овој пат рутата се менува и ќе биде од Влада до Министерство за здравство, наместо како до сега до ОЈО.

Почитувани,
Повторно Ве повикуваме на протест во понеделник пред Влада, заедно во еден глас да го искажеме гневот и револтот против сиот криминал кој со години тлеел на Клиниката за Онкологија, но и во целосниот здравствен и политички систем. Ние бараме задоволување на социјалната правда, и тоа е возможно само ако се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!
Протестот од Влада ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство каде ќе побараме ОДГОВОРНОСТ за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од МЗ како што се претходните министри кои влијаеле за заташкување на случаевите.

Повторно нагласуваме и за тоа дека измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства, доколку ние тоа не го дозволиме.
УЛТИМАТУМОТ од минатата недела не е исполнет, особено барањето ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата.
Нашите барања и УЛТИМАТУМ од овој протест, се:
1. Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев2. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија3. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија4. Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија5. Обелоденување на инфорамциите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово!6. Одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола.
Се гледаме во понеделник во 18 часот!

.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска