Прашањето што денеска се наметна во политичкиот дискурс е во зборот „гарантирам“ (кој беше употребен во симултаниот превод на прес-конференцијата), односно дали Шолц рекол така или е непрецизност во преводот. Според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за погрешен превод – германскиот канцелар не рекол така.
Германист, кој го консултира „360 степени“, вели дека фразата „dafur stehe ich“, која ја користи Шолц, би ја превел со „јас стојам зад тоа“, но додава дека еден од алтернативните преводи на фразата е „гарантирам“. Преведувачката што симултано го толкуваше германскиот канцелар на синоќешната прес-конференција ги кажува двете варијанти на преводот. Прво вели „зад тоа стојам јас“ и потоа се дополнува (дообјаснува) со – „гарантирам“.
Премиерот Димитар Ковачевски ја привршува посетата на Сојузна Република Германија, која се оценува како успешна, според наративот што во јавноста го промовира владејчката СДСМ, чиј шеф е премиерот, како и самиот тој во своите изјави.
Централен момент од дводневната официјална посета на Ковачевски на Берлин беше заедничката прес-конференција со неговиот домаќин и колега, канцеларот на Германија, Олаф Шолц, која се одржа вчера доцна попладне.
Прес-конференцијата помина во знак на пораки за поддршка од Германија за евроинтегративниот пат на С Македонија и благодарност од македонската страна за ангажманот на Берлин во овој процес.
Сепак, еден детаљ од изјавата Шолц го предизвика вниманието на јавноста, како и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Иако мал, овој детаљ му даде правец на целиот наратив со кој настапува СДСМ, а од друга страна, се најде во фокусот на реакциите што доаѓаат од нејзиниот главен политички опонент.
Станува збор за одговор на Шолц на новинарско прашање поврзано со билатералните односи меѓу С Македонија и Бугарија и евентуално поставување нови услови, покрај внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Во тој контекст, германскиот канцелар Олаф Шолц беше прашан дали за него е прифатливо да се поставуваат нови услови со оглед дека за Македонија се беше дефинирано минатата година во Преговарачката рамка, особено околу стартот на преговорите.
Според симултаниот превод на македонски јазик за време на прес-конференцијата, Шолц на ова одговори:
„Ќе бидам јасен, тоа е јасно договорено и треба така да биде, да биде редовен пристапен процес, според постапките кои се управуваат од ЕУ, тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да дојдат други што се однесува до билатералната состојба. Зад тоа стојам јас, гарантирам“.
Прашањето кое денеска се наметна во политичкиот дискурс е токму во зборот „гарантирам“, односно дали Шолц рекол така или е непрецизност во преводот.
Пратеникот во Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, смета дека станува збор за грешка во преводот.
„Ве повикуваме уште еднаш да го погледнете преводот на изјавата на Шолц. Цениме дека е направена грешка во преводот, намерна или ненамерна од службите. Изјавата на канцеларот Шолц е дека не треба да има нови условувања, што е, секако, и наш партиски став, меѓутоа тоа не се гаранции дека нема да има нови условувања“, рече денеска Ковачки.
Инаку, фразата што ја користи Шолц на германски гласи: Dafur stehe ich.
Редакцијата на „360 степени“, во обид да дојде до одговор што точно кажа канцеларот Шолц, консултираше германист, според кого, преводот на неговата изјава на македонски јазик е:
Извор: 360
