Почетна БалканМелони ќе го тужи пејачот на „Плацебо“ бидејќи ја нарекол фашистка

Мелони ќе го тужи пејачот на „Плацебо“ бидејќи ја нарекол фашистка

од nenad
1 минути читај за
t

Италијанската премиерка Џорџа Мелони поднесе тужба против Брајан Молко, пејачот на британскиот бенд „Плацебо“, откако тој ја навреди на концерт во близина на Торино минатиот месец.

За време на настапот на 11 јули на музичкиот фестивал „Соник Парк“, Молко извикал пред италијанската толпа од 5.000 луѓе дека Мелони е „расистка“ и „фашистка“, по што локалните власти го пријавија кај обвинителството.

По инцидентот, обвинителите во Торино официјално отворија истрага против Молко за „непочитување на институциите“.

Италијанските медиуми вчера објавија дека адвокатите на Мелони поднеле пријава за клевета против пејачот. Ова не е прв пат Мелони да поднесе тужба за клевета. Таа минатата година тужеше двајца новинари од италијанскиот весник „Домани“ затоа што употребиле погрден израз во текст за неа.