Почетна Технологија(ВИДЕО) Лефков: СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија на патот кон ЕУ, за да можат да крадат

(ВИДЕО) Лефков: СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија на патот кон ЕУ, за да можат да крадат

од nenad
1 минути читај за




Почитувани, СДС и ДУИ првин ја заглавија Македонија на патот кон ЕУ,  а сега глумат големи душегрижници. СДС и ДУИ се проблемот, и тие во никој случај не можат да најдат, ниту дадат решение за истиот. Лошите политики на СДС и ДУИ изминатиов период пропратени со криминал и корупција ја забетонираа државата на дното, за да останат ден повеќе на власт лажеа со месеци и ветуваа работи кои не зависат од нив, ниту пак можеле да ги реализираат.

И СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија, за да можат да крадат. Излегоа на површина сите нивни сценарија, од заробеното судство и обвинителство, преку криминалните тендери, се само со цел лично богатење на поединци. И сега кога се целосно демаскирани се обидоа на база на манипулации да креираат дестабилизација, што нема да успее. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од таа на СДС и ДУИ работи одговорно и посветено во насока на раст и развој и членство на земјата во ЕУ. Неспособноста заврши со СДС и ДУИ.

Линк од видео материјал: