Почетна Економија(ВИДЕО) Иско му донесе триумф на Бетис против Реал Мадрид – МАКТЕЛ

(ВИДЕО) Иско му донесе триумф на Бетис против Реал Мадрид – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

Фудбалерите на Бетис денеска на домашен терен во Севиља го совладаа Реал Мадрид со 2:1, во натпреварот од 26 коло во Ла Лига. Реал поведе со голот на Брахим Дијаз во 10 минута, но Бетис успеа да израмни пред крајот на полувремето со голот на Џони Кардосо во 34 минута. Победничкиот гол за Бетис го постигна Иско од пенал во 54 минута. Иако поранешен играч на Реал, Иско бурно го прослави голот, што наиде на различни реакции. Реал го дели првото место со Барселона со 54 бодови, но со одигран натпревар повеќе од Каталонците. Бетис е шести со 38 бодови.

Во следното коло Бетис го пречекува Лас Палмас, додека Реал ќе му гостува на Рајо Ваљекано.