Почетна Македонија(Видео) Директорката на ФЗО со приватно обезбедување се бранеше од новинарот Салиу

(Видео) Директорката на ФЗО со приватно обезбедување се бранеше од новинарот Салиу

од nenad
1 минути читај за

До каде ќе стигнеме со вакво насилно однесување од страна на јавните институции не знам.

Приватното обезбедување со наредба на директорите крши фундаментално право на секој граѓанин на оваа држава да биде информиран како се трошат неговите пари и зошто не може да се лечи иако плаќа здравствено осигурување.

Како е можно да се забрани пристапот на здравствените работници во Фондот за здравство?

Како е можно еден лекар да нема здравствено осигурување?

Како е можно приватно обезбедување да не дозволи инспекција да влезе во здравствена установа?

Како е можно приватна агенција која што се плаќа од јавни пари да оневозможи пристап до јавна институција на граѓани?

Како е можно директор на јавна институција вака арогантно да избегнува да одговори на прашањата кои ги поставуваат тие што го плаќаат?

(фејсбук статус на Фуркан Салиу)

Инспирирано од: infomax.mk