91
Зошто потрошувачите се склони кон традиционалните алтернативи? Како да користиме социјални медиуми за да ги едуцираме и ангажираме и не толку еко-свесните потрошувачи?
2 саати ни беа малку да го споделиме сето искуство, знаење и мислења на овие и уште многу други прашања кои сопствениците на 10 бизниси од нашата мрежа пробаа да ги одговорат на работилницата на тема “Зелени бизниси: Комуникација и пристап до потрошувачите”. Активноста се одржа во просториите и под иницијатива на @europehouseskopje во склоп на годината на вештини и темата за октомври како месец за поддршка на малите локални бизниси.
Неизмерно сме им благодарни што го препознаа нашиот трид кој го имаме вложено во последниве 2 години за да ја изградиме мрежата на зелени бизниси на кои се обидуваме да им дадеме секаков вид на поддршка кој е во рамки на нашите способности на оние кои се дел од неа.
Благодарност и до @mishevski од @_impact_foundation_ кој со своето огромно знаење во областа на претприемништво и зелена економија на учесниците им разреши доста дилеми и придонесе сопствениците да добијат понатамошни насоки и идеи за доразвивање на своите бизниси.