Во денешната епизода на МРЕЖА, професорот Оливер Андонов ги коментираше новите набавки з апревооружување на Армијата на Република Македонија.
-Страјкерите се добро решение, прашањето кое се поставува е вооружувањето, треба да се одлучи каков тип на транспотрери и вооружување ни се потребни.
Би ставиле топови, 30 mm на куполите од транспортерите, не би препорачал и 12,7mm тежок митралез. Од друга страна различна е проценката на употребата на ПВО системите. Тие се делат на неколку категории, најпрво на трупна и територијална ПВО одбрана.
Патриот е територијално ПВО, тој дејствува на поголеми висини. Македонија има потреба од трупно ПВО, значи заштита на трупните позиции, на единиците на АРМ.
Можеби Мистрал и не е најсреќното решение, јас не знам дали ќе добиеме возила со Мистралот, Србите купија Мистрал, тоа се француски системи каде наменската индустрија во Србија вршеше модификација на системот за дa може на нивни возила да го стават, вели Андонов кој додава дека треба да се забрза процесот на превооружување на Армијата.
.


