Почетна Технологија(ВИДЕО) Во две автобуски несреќи во Мексико загинаа 25 лица – МАКТЕЛ

(ВИДЕО) Во две автобуски несреќи во Мексико загинаа 25 лица – МАКТЕЛ

од nenad
0 минути читај за

Најмалку 11 лица загинаа, а 12 други се повредени кога автобус излетал од патoт и паднал врз карпа во јужната мексиканска држава Оахака, објавија во понеделникот локалните власти. Автобусот тргнал од главниот град на Мексико и се упатил кон градот Техуантепек. Под неразјаснети околности, возачот изгубил контрола над возилото, поради што автобусот излетал од патот и паднал на карпа, во близина на заедницата Санто Доминго Наро. Двајца од повредените се хоспитализирани во критична состојба, според информациите на мексиканските власти. Во две сообраќајни несреќи со автобуси вчера животот го загубија вкупно 25 лица.