Пред да изгради успешна филмска кариера, познатиот актер бил проститутка
Англискиот актер Руперт Еверет ја започнал својата кариера во 1980-тите години, а се прославил со улогата на љубовник на Колин Фирт во филмот „Друга земја“. Потоа, играл во бројни успешни филмови, меѓу кои најпознатиот е „Свадбата на мојот најдобар пријател“, каде што глумел покрај Џулија Робертс.
Сепак, пред успешната кариера, Еверет имал прилично бурен живот. Имено, кога имал само 16 години, актерот го напуштил училиштето за да се запише на драмска академија во Лондон, каде што случајно станал проститутка.
Во своите мемоари, Руперт напишал дека случајно западнал во проституција, кога еден младич му пришол на метро-станица и му понудил пари за да имаат односи.
„Немав намера да го правам тоа, но младичот ми понуди толку огромна сума на пари што тоа ми дојде како џепарлак за една и пол година“, напишал тој во мемоарите.
Откако ги добил парите во рака, почнал да работи како проститутка.
Поврзани објави
Потоа, родителите го испратиле Руперт во француско училиште за да си го поправи однесувањето. На првиот ден во француската престолнина, тој излегол на прошетка и тргнал по пат што неговото угледно семејство никако не го очекувал.
„Во Париз најдов камион каде што живееше трансродова сексуална работничка. Се спријателив со неа и некако започнав да живеам во нејзиниот свет.“
Постои уште еден бизарен детаљ во врска со Руперт Еверет. Имено, по ужасните критики што ги добил за еден негов филм, Руперт решил да му се одмазди на критичарот, па му ги испратил своите срамни влакна.
И тоа не е крајот. Еверет никогаш немал влакна на јазикот, па неколку пати брутално има искритикувано други познати личности. Така, во мемоарите напишал дека Мадона необично смрди и се однесува како келнерка која цимоли.
Големо внимание привлекол и кога прокоментирал дека во негово време згодните жени биле идеал за убавина, а денешните жени мислат дека треба да имаат огромни задници и дебели бутови.
„Ријана има дебели бутови, Бијонсе има дебели бутови, ги гледам како ги носат тие огромни обувки и си мислам: ‘и треба да ги носат, за да може нешто да ја подигне таа тежина’“.
Актерот своевремено признал и дека му бил љубовник на славниот Иан Меккелен и дека единствената жена во неговиот живот била Пола Јејтс.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм