Тој што ќе падне во борба за слобода, тој не умира. Патриоти, чесни и храбри македонски јунаци. Општина Ѓорче Петров како локална самоуправа прави се што е во рамки на ингеренциите да им излезе во пресрет на семејствата на бранителите и нивните поколенија за да им се олесни секојдневието. Вечна слава на Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томе Димоски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски и на сите македонски бранители кои одлучно застанаа во одбрана на својата земја и го положија животот за Република Македонија. Сите даваме по нешто, а тие дадоа се. Никогаш да не се заборават!