Почетна Убавина и здравје„Не сум најубава, но тоа не ме тангира“ – Убавина и здравје

„Не сум најубава, но тоа не ме тангира“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Сопругата на српскиот тенисер, Јелена Ѓоковиќ, со својата убавина, шарм и пристојност го освои не само Новак Ѓоковиќ туку и целата јавност, па дури и светската елита. Сепак, скромноста и понатаму ѝ е карактеристика.

„Жените како мене сега ја ставаат својата убавина на втор план, бидејќи убавината стана деградирана – ги повредува, бидејќи луѓето ги гледаат преку убавината наместо преку знаењето и квалитетот. Дали јас некогаш сум се чувствувала така? Не, бидејќи себеси се доживувам како убава однатре, и тоа се вредности кои сакам да се видат и надворешно. Верувам дека многумина ќе се согласат дека не сум како некои од најубавите жени на светот, но мене тоа навистина не ме погодува,“ изјави Јелена за емисијата „Ексклузив“.

Јелена му е посветена на своето семејство – на синот Стефан и ќерката Тара, и не крие дека ужива во улогата на мајка, иако тоа понекогаш може да биде исцрпувачко.

Како мајка на две деца имам многу енергија и сила да се ангажирам за нивната иднина да биде подобра, но вистина е дека понекогаш ми недостасува енергија,“ изјави таа со насмевка.

Дури ни Ана Винтур не можеше да му одолее на шармот на Јелена, па двете станаа блиски пријателки. Јелена има само пофалби за уредничката на магазинот „Vogue“.

Таа има широко срце и е многу топла, иако луѓето мислат поинаку,“ додаде Јелена.

Фото: Инстаграм