Денеска, според регистрираните податоци, имало девет пожари, од кои до 20:30 часот, еден сѐ уште е во пламен, додека осум се успешно локализирани, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Моментално, активен е пожарот на отворен простор во општина Кавадарци, близу до Тиквешкото езеро, каде што се запалени грмушки и трева.
“Под контрола се пожарите во подрачјето на Јасен каде гореше мешана шума, во Гевгелија на планината Кожуф, во Желино кај селата Мерово и Церово, во Врапчиште помеѓу селата Добри Дол и Врапчиште, во Долени кај село Долгаец, во Сарај кај село Копаница и во Битола во местото Ергела.”
бк/ев/ФОТО: Архива
Извор: МИА