Почетна ЕкономијаВелика Британија со 12 сојузници предупредуваат за кинески кибернапади

Велика Британија со 12 сојузници предупредуваат за кинески кибернапади

од nenad
2 минути читај за

Компаниите и телата во Велика Британија што функционираат во витални гранки се предупредени да се обезбедат од кинески хакери, откако три кинески технолошки фирми се обвинети за поврзаност со глобални сајбер напади.

Националниот центар за сајбер безбедност (NCSC), кој е дел од британската разузнавачка служба GCHQ, е меѓу безбедносните тела од 13 држави кои објавија опомени дека институциите во клучните сектори треба „проактивно да бараат“ дејствување на кинеските хакери и да ги санираат ранливостите.

Надлежните велат дека напаѓачите кои стојат зад акцијата насочена кон странски влади и есенцијални услуги, вклучувајќи ги и телекомуникациите, ги искористиле познатите пропусти, наместо да употребуваат злонамерен софтвер или претходно неоткриени слабости.

Безбедносното известување објавено вчера именуваше три кинески технолошки компании за кои се тврди дека даваат услуги поврзани со кибер просторот за кинеската државна разузнавачка служба, пренесе ДПА.

Се вели дека тие се поврзани со глобални дејствија кои од 2021 година се фокусирани кон влади, телекомуникации, транспортна и воена инфраструктура, вклучително и „активност во Велика Британија“. Ова опфаќа и напади наречени Salt Typhoon, за кои американските власти рекоа дека му овозможиле на Пекинг пристап до приватни пораки и телефонски разговори на непознат број Американци.

Главниот извршен директор на NCSC, Ричард Хорн, рече: „Длабоко сме загрижени од неодговорното однесување на именуваните комерцијални субјекти со седиште во Кина, кое овозможи неконтролирана кампања на малициозни киберактивности на глобално ниво“.

„Клучно е организациите во целните критични сектори да го послушаат ова меѓународно предупредување за заканата што ја претставуваат кибер-актерите, кои ги искористуваат јавно познатите – и со тоа поправливи – пропусти“, додаде тој. „Соочени со софистицирани закани, одбранбените мрежи мора проактивно да бараат малициозна активност, како и да применуваат препорачани ублажувања врз основа на показатели за компромис и редовно да ги прегледуваат дневниците на мрежните уреди за знаци на необична активност“, заклучи тој.

Опомената е испратена од 13 земји, вклучувајќи ги Австралија, Канада, Нов Зеланд, САД, Велика Британија, Јапонија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Финска и Естонија. Ова заедничко соопштение ја потенцира сериозноста на заканата и потребата од меѓународна соработка за борба против кибернападите.