Почетна ТехнологијаВасил Гарванлиев се „фотна“ со својот Џејсон во Канада и раскажа што планираат да направат оваа година

Васил Гарванлиев се „фотна“ со својот Џејсон во Канада и раскажа што планираат да направат оваа година

од nenad
1 минути читај за

Поп-пејачот Васил Гарванлиев кој живее во Америка настапи на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“, на интернационална вечер, како специјален гостин минатата година во септември.

Македонскиот евровизиски претставник тогаш од Чикаго, каде што живее изминатиов период, дојде дома во Струмица, и тогаш за Еспресо.мк раскажа како живее таму со својот партнер Џејсон

   

– Се запознавме на Тиндер. Почнавме разговор, и потоа договоривме средба. Дојде да ме земе, од студио, и јас се „изглупирав“ на првата средба.Мислев дека прозорецот од колата му е отворен, а тој бил спуштен, и јас кога се доближив да го поздравам, го лижнав прозорецот. Ете, тоа сум јас.

Се одвиваше многу спонтано. Клише е ако кажам, знаев од почетокот, и двајцата знаевме. Си реков: „Дојдов во Америка на кратко“, но ова ќе ми промени сѐ “, рече Васил а инаку неговиот партнер е невропсихијатар.Тој вели дека за среќа, во Америка засега живее само од музика, иако за него на почетокот било многу тешко.

Васил објави слика со својот партнер Џејсон на која е означен дека е во Канада и напиша како му поминала претходната година, но и каква сака да му биде оваа, низ оваа приказна:Среќна Нова година! 2023 – зборот ти беше СЛОБОДА 2024 – зборот ти е ИЗОБИЛИЕ. Ви посакувам на сите неверојатна година. Ве сакаме.