Почетна ТехнологијаШтрајкови ја тресат Германија – во понеделник најавена блокада на 11 аеродроми

Штрајкови ја тресат Германија – во понеделник најавена блокада на 11 аеродроми

од nenad
1 минути читај за

Еден од најголемите европски аеродроми, франкфуртскиот, ќе биде затворен во понеделник, откако синдикатот „Верди“ повика на штрајк на вработените на 11 аеродроми, јавуваат германските медиуми. Предупредувачкиот штрајк ќе ги затвори на 24 часа аеродромите во Франкфурт на Мајна, Минхен, Берлин, Штутгарт, Келн/Бон, Дизелдорф, Дортмунд, Хановер, Бремен, Хамбург и Лајпциг-Хале, најави синдикатот.

Тоа е следната фаза на ескалација во спорот околу платите меѓу федералната влада и локалните власти, а за кој следната рунда преговори е закажана за средината на март. Тој засега се манифестира како бран на предупредувачки штрајкови. 24-часовниот штрајк треба да започне на полноќ во недела навечер и да трае до 23:59 часот. Работниците во германските болници и домовите за стари лица, како и во градинките и другите социјални установи штрајкуваа неодамна .Голем дел од персоналот на споменатиот и поранешен градски аеродромски оператор „Фрапорт“ сè уште се платени според договорите за плати во јавниот сектор, јавуваат германските медиуми.