Почетна МакедонијаБулинг во училишта: Упатства има, решенија нема

Булинг во училишта: Упатства има, решенија нема

од nenad
1 минути читај за

„Ќе го убијам!“. Ваква била реакцијата на шестоодделенец од Скопје, кој се степал со соученик од кој со години трпел булинг (меѓуврсничко насилство). Лут и вознемирен, со овие зборови, тој ѝ се пожалил на својата мајка, откако класната го укорила за тепачката иницирана од соученикот со историја на проблематично однесување. Посебно го погодил неправедниот коментар на наставничката: „Mислев дека ти си доброто дете.“ Мајката, која побара да остане анонимна, за БИРН раскажува дека насилството имало подолга историја. Соученикот уште од второ одделение ги напаѓал повеќето ученици, им ги соблекувал панталоните, момчињата ги удирал во препоните…

За тоа се жалеле повеќемина родители. Прво кај одделенската наставничка, потоа кај класната, кај стариот и новиот директор, во стручната служба, но сѐ се сведувало на кус разговор со проблематичниот соученик и оправдување „го знаеме детето, родителите не соработуваат“. „И сега што? Син ми, по долго малтретирање, ми кажува дека сака да го убие? Очигледно има грешка во системот“, револтирана е мајката. Ова е само едно од стотината сведоштва на родители и наставници што одговорија на прашалникот на БИРН за проблемот со меѓуврсничкото насилство, но и сите други видови малтретирање во училиштата. На прсти се бројат оние што одговориле дека се задоволни од тоа како бил решен проблемот.