Почетна Убавина и здравјеБугарија добила стотици страници упатства од ЕБУ како да ја организира Евровизија, не е само Софија или Бургас!

Бугарија добила стотици страници упатства од ЕБУ како да ја организира Евровизија, не е само Софија или Бургас!

од nenad
1 минути читај за



Салата не е единствениот критериум. Ова го најави ТВ-водителката и шефица на бугарската делегација Борјана Граматикова во врска со изборот на град домаќин за Евровизија 2027, пренесува бугарскиот портал Актуално.

„Треба да се опфатат многу други точки. Читав статии во кои се вели дека најважно е локацијата или буџетот. Но, вистината е дека за да се биде домаќин на добра Евровизија, потребно е добро партнерство со Европската радиодифузна унија и градот домаќин. Сè мора да биде во ред. Безбедноста или нешто друго, на пример, не може да биде проблем, сè е важно. Затоа имаме стотици страници упатства од ЕБУ“, коментираше таа.

Граматикова рече дека БНТ многу наскоро ќе го објави градот домаќин. Според неа, двата града кандидати, Софија и Бургас, се многу добри и силни како кандидати и таа може да ја замисли Евровизија на двете места.

Според Граматикова, БНТ не сака да брза со одлуката и затоа си дава малку повеќе време за анализа.

Пред неколку дена беше најавено дека националната телевизија ќе ја објави својата одлука за тоа кој град помеѓу Софија и Бургас го избрала за домаќин на натпреварот за песна во мај следната година, но во последен момент изборот беше одложен.

 

Фото: Јутјуб Принтскрин